Актерот во хаос, сопругата му ги брише солзите: Почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност

popara12 јули, 20241min00
Screenshot_3

Започна судењето на американскиот актер Алек Болдвин (66) за смртта на снимателката Халина Хачинс, која почина за време на снимањето на филмот „’Рѓа“ („Rust“) во 2021 година, откако беше погодена од пиштол кој го држел Болдвин.

 

 

 

 

Актерот се соочува со 18-месечна затворска казна доколку биде прогласен за виновен за убиство од небрежност. Тој се изјасни за невин на судењето, а за смртта на снимателката беше осудена техничарката за реквизити Хана Гутиерез Рид, која случајно ставила вистински куршуми во пиштолот наместо лажни.

 

Болдвин изјави дека „само си ја работел својата работа“ и дека имал доверба во екипата дека ќе направи се што може за да го обезбеди оружјето. Но, обвинителите тврдат дека Болдвин „играл со вистински пиштол“ и дека „ги прекршил најважните безбедносни правила“.

 

„Иако се работи за филмски сет, тоа е вистинско работно место за многу луѓе“, рече обвинителката Ерлинда Џонсон на почетокот на своето излагање, а пренесе „Би-би-си“.

 

„Тоа работно место имаше ограничен буџет, а вработуваа луѓе кои немаа искуство“, додаде таа.

 

Адвокатите на Болдвин рекоа дека оружјето на сетот се третира со посебно внимание и дека секој член од тимот има специфична улога и одговорност, вклучително и грижа за безбедноста.

 

„Тој само глумеше, како што тоа го прави со години, а потоа пропадна безбедносниот систем“, изјави адвокатот на Болдвин, Алекс Спиро.

 

„Тој не направи никакво кривично дело. Тој е актер кој држеше реквизит“, додаде тој.

 

Она што жестоко се дебатира е изјавата на актерот дека само го држел пиштолот во рака, но не го испукал. Обвинителот, пак, тврди дека ФБИ извршил увид во пиштолот и дека со него „сè било во ред“.

 

Од друга страна, одбраната изјави дека ФБИ „уништило дел од оружјето“ и со тоа оневозможило дополнително да се анализира.

 

На сослушувањето беа повикани и сведоци, меѓу кои и полицаецот Николас ЛеФлер, кој беше меѓу првите што излезе на терен. Беше прикажана и снимка која ја снимила камерата. Околу стотина луѓе кои беа во судницата така ги видоа последните моменти на снимателката, а на Болдвин сцената му беше многу тешка. Со него како поддршка дојде и неговата сопруга.

 

Судењето ќе трае до 19 јули.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma