Крис Џенер неодамна во епизода од семејното реално шоу им соопшти загрижувачки вести за своето здравје на своите деца и на момчето. Неодамна била на лекарски преглед, а за резултатите рекла дека не се добри, пишува „Пипл“.

Крис Џенер (68) била подложена на хируршка процедура за отстранување на матката – хистеректомија, откако лекарите откриле тумор на нејзиниот јајчник.
„Сакав нешто да ви кажам… Бев на преглед“, им рекла емотивната Крис на своето момче и ќерките Ким, Клои и Кендал во најавата за новата епизода, додавајќи:
„Ова ме прави навистина тажна и емотивна, но лекарите открија нешто“, се расплакала таа во емисијата.
Во најновата епизода од серијата, Крис го започнува патот до операцијата со тоа што прво ќе се подложи на предоперативен преглед кај д-р Борис Вајсман.
„Се помирив со фактот дека ова се случува“, вели Крис во својата исповед. „Но, сепак сум малку нервозна“.
Крис веќе имаше здравствени проблеми во претходните сезони. Поточно, нејзината ќерка Кајли Џенер во 2022 година објави видео на Инстаграм и ТикТок кое загрижи многумина. Раката на Крис и се тресеше неконтролирано.