Направете маска за да ја смирите црвената кожа „изгорена“ на сонце

popara12 јули, 20241min00
Маска за лице

Природните состојки благотворно ќе делуваат на вашата црвена кожа, доколку не сте се заштитиле добро од штетните УВ зраци. Направете го сами дома и смирете ја болката и црвенилото.

Заштитата на нашата кожа од штетните УВ зраци треба да биде наша должност секој ден, но доколку случајно се изгорите од сонце, имаме решение. Направете дома смирувачка антибактериска маска која ќе ја разлади вашата воспалена кожа и ќе ја смири по опасното сонце.

Јогуртот ја лади и смирува кожата, алое верата е познат „спас“ за сува и „изгорена“ кожа, додека медот има навлажнувачки и антибактериски својства. За оваа маска ќе ви бидат потребни 2 лажици јогурт (без шеќер и дополнителни вкусови), 1 лажица гел од алое вера и 1 лажица мед (по избор).

Измешајте ги состојките додека смесата не се изедначи.

Нанесете ја маската на исчистеното лице и оставете ја да остане на кожата 15 до 20 минути. Исплакнете ја нежно болната кожа со млака вода и нанесете хидратантна крема која ќе и помогне на кожата да закрепне уште побрзо.Оваа маска можете да ја нанесувате два пати неделно, а одлична е за кожата дури и кога немате црвенило поради нејзините лековити својства. Пред излегување на сонце, не заборавајте на заштитната крема!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma