Моќна и природна состојка за нега на лицето: Ја трансформира кожата и дава сјај

popara13 јули, 20241min00
93981_shutterstock-2326155667_f

Социјалните мрежи како TikTok често се полни со препораки за хит состојки за нега на кожата, а прополисот неодамна е меѓу нив. Овој пчелин производ се состои од цела серија на природни супстанции кои имаат антиинфламаторни, антимикробни и антигабични својства.

Имено, прополисот се состои од смола, восок, полен, флавоноиди од растенија и има антимикробни, антигабични и антиинфламаторни својства. Тоа не е само физичка бариера против надворешни елементи, туку и штити од микроби. Иако медот и матичен млеч се исто така пчелни производи, тие се разликуваат од прополисот во однос на составот и намената.

Неговите антимикробни својства помагаат во борбата против бактериите и габите, а има и смирувачки и лековити својства, што го прави корисен за смирување на иритираната или воспалена кожа. Го решава и проблемот со дамките, предизвикува сјај на кожата и има својства против стареење.

@yejee.lee

These serums are the bees knees 🐝🍯 #propolisskincare #propolisserum #propolis #koreanskincare #serumrecommendations

♬ original sound – yej

Помага во намалувањето на воспалението и црвенилото поврзани со акните додека се насочуваат кон бактериите кои придонесуваат за појава на акни. Сепак, експертите не препорачуваат користење на чист прополис на лицето. Наместо тоа, пожелно е да се користат производи кои ја содржат оваа врвна состојка, како што пишува Beecosmetics.

Поради неговите смирувачки својства, експертите тврдат дека прополисот е добар за сите типови на кожа, дури и за чувствителна кожа. Но, предупредуваат дека е неопходно да се направи тест бидејќи со оглед на тоа дека е нуспроизвод на пчели, постои ризик од алергиски реакции кај оние кои се алергични на пчели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag