Марго Роби и нејзиниот сопруг Том Акерли имаа состанок на Вимблдон!
Двојката, која го чека своето прво бебе, беа насмеани и се држеа за раце додека присуствуваа на 12-тиот ден од тенискиот турнир во Лондон во ,,All England Club” на 12 јули.
Роби (34) која за прв пат се појави во јавноста откако светот дозна дека е бремена, докажа дека знае да се облекува и со стомак. Таа изгледаше елегантно во црно-бел фустан со точки.
Фустанот имаше ракав како шал и асиметричен раб. Со аутфитот таа искомбинира црно-бела чанта и носеше црни чевли со високи потпетици и отвор на прстите, истакнува People.
Роби го комплетирала изгледот со пар правоаголни очила за сонце, а нејзината руса коса е благо свиткана.
Идниот татко Том Акерли (34) носел панталони во боја на лосос и маичка во крем боја. Изгледот го комплетирал со бели патики и очила за сонце, а преку раката носел тенко сако во неутрална нијанса.
Двојката подоцна беше забележана како се бакнува додека го гледаа првото полуфинале на денот помеѓу Карлос Алкараз и Данило Медведев.
Потсетуваме, минатата недела како експлозија одекна веста дека актерката е бремена. Повеќе извори потврдија за People дека Марго Роби е бремена и го чека своето прво бебе со својот сопруг.