Кејт Мидлтон на Вимблдон во придружба на нејзината ќерка и сестра, вака сега изгледа

popara15 јули, 20241min00
Кејт Мидлтон

Појавувањето на Кејт Мидлтон на Вимблдон привлече големо внимание во јавноста.

Сите нетрпеливо го чекавме 15:00 часот кога започна финалето на Вимблдон, но и појавувањето на Кејт Мидлтон во јавноста.

Откако беше подложена на операција во јануари оваа година, принцезата од Велс присуствуваше само на официјалниот роденден на кралот Чарлс, настан познат како поздрав во боја претходниот месец.

Сопругата на принцот Вилијам во придружба на ќерката Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон влезе во главната ложа од каде што го следи мечот меѓу најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ и младиот Шпанец Карлос Алкараз.

Иако многумина се сомневаа дека тоа ќе се случи во финалето, како и секоја година, не изостана присуството на Кејт Мидлтон. Меѓу другото, таа е покровител на „All England Lawn Tennis and Golf Club“, на чии терени се одржува тенискиот меч.

Принцезата блесна во виолетов фустан без да ја тргне насмевката од лицето. Во еден момент, бидејќи сонцето ја спречуваше добро да го следи натпреварот, стави елегантни очила за сонце.Сите кои ја виделе, без разлика дали во живо или на малите екрани, се согласуваат во едно – а тоа е дека Кејт изгледа одлично и веруваат дека превентивната хемотерапија многу и помага.

Не е тајна дека идната кралица го обожава Грен слем турнирот и дека се очекуваше со своето присуство да влезе во големото финале, но тоа никој не можеше со сигурност да го каже поради нејзината здравствена состојба.

Веруваме дека Мидлтон наскоро ќе им се врати на секојдневните, кралски обврски бидејќи светот со нетрпение го очекува тоа. Дотогаш ужива во друштвото на своите најблиски и ги следи советите на лекарот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma