Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија моментално уживаат на одмор на Сардинија, а со нив се и нивните деца – синовите Круз и Ромео и ќерката Харпер.
Познатото семејство се релаксира на својата луксузна јахта во Порто Черво. Времето го поминуваат со пливање и спортови на вода, па тешко е да не се забележи одличната физичка кондиција на Дејвид, иако со години не игра фудбал.
Имено, на фотографиите направени од папараци, целото вниманието го привлече 49-годишниот Бекам со своето издлабено торзо додека скока во морето само по шорцеви за капење.Познато е дека двојката Бекам сака да се одмора на Медитеранот, па последните две години уживаа и во Хрватска. Минатата година уживаа на Лопуд, а ни тогаш на Дејвид не му пречеа љубопитните погледи.