По нејзината смрт, Холи Мери Комбс ѝ оддаде почит на пријателката и поранешна колешка од Charmed, Шенен Доерти.
– Мојата поубава половина од 31 година. Има дупка во градите и не можам да земам здив. Недостасува дел од мене, иако точно знам што би ми кажала сега – напиша таа на Инстаграм во понеделникот со серија заеднички фотографии.
View this post on Instagram
– Знам дека твојот неуморен дух ќе живее во мене и моите деца, кои ги сакаше како свои. Тие ќе одат со твоето чувство за цел и гордост. Тие ќе бидат искрени и ќе се залагаат за она што е правилно. Твојот оган ќе живее во нив и во многу други шармирани на кои им помогна да се издигнат. Жесток борец до крај. Мојот најжесток шампион. Мојот верен заштитник. Мојот најдобар пријател. Ти ме научи што значи семејство. Ти беше и секогаш ќе бидеш моја сестра. Те сакам – напишала Холи.
Холи и Шенон останаа блиски пријатели дури и откако ликот на Пру го напушти Charmеd во третата сезона во 2000 година.
View this post on Instagram