Еден од најпопуларните летни пијалоци е лимонадата. Ако додадете нане на обичната лимонада, ќе добиете нова и поздрава верзија на лимонада, освежителен и миризлив летен напиток.
Состојки:
4-5 свежо исцедени лимони
4 чаши ладна вода
½ шолја шеќер (количината можете да ја прилагодите според вашиот вкус)
ледени коцки
свежо нане (количина по желба)
Подготовка:
Исцедете го лимонот за да добиете свеж сок. Се препорачува да се користи свеж лимон.
Во поголем сад измешајте свежо исцеден сок од лимон, ладна вода и шеќер. Добро измешајте ги сите состојки додека шеќерот целосно не се раствори.Додадете коцки мраз .Додадете листови нане, количина по желба.