Банана леб со кокос: Летна варијанта на омилениот десерт

popara17 јули, 20241min00
94277_shutterstock-406747168-1_f

Потребно е:

125 гр брашно
70 гр кокос
2 g (на врвот на ножот) сода бикарбона
половина кесичка прашок за пециво
1 лажичка цимет
прстофат сол
115 гр омекнат маргарин
50 гр кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
2 јајца
3 помали банани
100 гр јогурт
50 гр сечкани ореви

За посипување:

ореви

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Сувите состојки соединете ги во сад. Посебно во друг сад се мати омекнатиот маргарин со шеќерите, се додаваат јајцата и убаво се мати. Изгмечете ги бананите со вилушка, па додајте ги во смесата со маргарин. Истурете го јогуртот и добро измешајте. Се меша со сувата смеса и се мати со миксер додека не се добие компактна смеса. Измешајте ги оревите и измешајте сè. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење. Одозгора наредете неколку ореви и малку притиснете ги во тестото. Се пече околу 45 минути, во рерна загреана на 180 степени. Користете чепкалка за да проверите дали лебот од банана е готов. Оставете да се излади, исечете на кришки и послужете. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma