Познато е дека забите потемнуваат од црвено вино, боровинки, црно кафе, но дали знаете дека постојат природни намирници кои ги избелуваат забите?
Наместо да трошите илјадници на разни препарати и пасти за заби кои ветуваат избелување на забите, пробајте ги овие здрави продукти кои ќе ви подарат бели, сјајни и здрави заби.
Погледнете кои 10 намирници служат за природно избелување на забите:
- Јагоди
Киселината која е сместена во ова овошје е толку силна што е во состојба да ги отстрани сите грди наслаги на забите.
- Јатки
Џвакањето ореви,бадеми, лешници и разни семки ги отстрануваат сите дамки од површината на забите. Освен тоа, овие јатки се доста здрави, како на пример бадемите, кои се полни со протеини и здрави масти.
- Кромид
Можеби не е идеално да консумирате кромид пред излегување, но тој е одличен продукт со кој можете да ги одржувате забите бели. Трикот се состои во тоа што, откога ќе јадеме кромид, обично веднаш ги миеме забите.
- Јаболко
Моментот кога ќе го загризете јаболкото, им правите услуга на вашите заби, бидејќи токму тој гриз на сочното јаболко е корисен за нив. Високата количина на вода во јаболкото ги отстранува и неутрализира бактериите во усната шуплина.
- Сода бикарбона
Добро е барем повремено да ги измиете заби со сода бикарбона, со тоа што ќе ставите малку на четката за заби. Таа не само што ќе ви ги избели забите, туку и ќе ги отстраните непотребните наслаги.
- Целер и морков
Исто како кај јаболкото и тука голема улога игра големото количество на вода.
- Брокула
Кога е во прашање негата на забите, добро е да се консумира во сирова состојба. Исто така брокулата може да послужи како четка за заби.
- Тврдо сирење
Тврдите сирења се богати со калциум, кој е добар за здравјето на забите и непцата.
- Портокали
Содржат киселина која ги избелува забите, но само доколку се консумира во поголема количина. Секако не е препорачливо да јадете тони портокали, само за да ги избелите забите, но повремено треба да го консумирате ова витаминско овошје.
- Вода
За убава насмевка пијте вода. Особено доколку пиете црвено вино или јадете нешто што ги бои забите, помеѓу секој гриз или голтка, повремено пијте и вода. Но, гледајте тоа да биде обична, негазирана, бидејќи минералните води може да го оштетат ткивото на забите.