Белите чорапи кои остануваат бели и без дамки се ретка појава. И редовното перење нема да ги врати во сјајната состојба во која беа кога ги купивте, но има еден трик.
Една жена пронашла производ што ги прави белите чорапи повторно бели.
„Користев таблети за машина за миење садови при нормално перење чорапи. Не можам да верувам во разликата“, напиша таа во група на Фејсбук со фотографии од измиени чорапи.
Членовите на групата биле воодушевени од трикот, па ја прашале како користи таблети за машина за перење при перење.
„Ставив една во барабанот на машината за перење и ја оставив да ја направи својата магија. Тоа е одлично. Ги прави белите чорапи супер бели“, објасни таа.
„Ова дефинитивно мора да го пробам“, „И јас го искористив ова и бев воодушевена од резултатите“ – биле дел од коментарите на објавата, пишува Експрес.