Шпанскиот актер Антонио Бандерас по судска одлука мораше да ја сруши луксузната куќа што ја купил во средината на деведесеттите во шпанскиот град Марбела, во близина на Малага, каде што живеел додека бил во брак со американската актерка Мелани Грифит.
По неколку години судска постапка, Бандерас ja изврши судската наредба за да се реши нерегуларната ситуација во која се наоѓал имотот, изјавиле општински извори за „Ефе“.
Градежната дозвола за имотот на Бандерас, изградена во 1995 година, беше нелегална и последователно одземена, бидејќи куќата „Ла Гавиота“ беше изградена на парцела класифицирана како „санитарен објект“.
Во 2008 година, Врховниот суд на правдата на Андалузија ја отфрли жалбата на Бандерас против судскиот налог од 2003 година за уривање на куќата. Судот изјавил дека нема причина да се укине оваа пресуда, пренесува шпанската агенција.