ТРИК ЗА ИСУШЕНИ ЦВЕЌИЊА: Направете мешавина која ќе ви ги оживее

popara21 јули, 20241min00
326b8cd9608784943f6539dabae1a65e5f88ba8c

Во топлите денови, ако не сте дома, или ако не ги полевате доволно цвеќињата, тие можат да венеат и да се исушат. Недоволно осветлување, провев, несоодветно хранење и други фактори во зависност од видот на растението исто така може да придонесат за сушење на цвеќето.

Направете мешавина за обновување

За среќа, постои едноставен трик откриен од љубителите на цвеќето, кој им овозможува на сувите цветови брзо да закрепнат. Кога листовите на цветовите ќе се исушат, пожолтуваат, паѓаат, применете го овој рецепт кој веднаш ќе ги оживее. Потребна ви е само една таблета аспирин, која веројатно ја имате дома. Аспиринот може да го подобри растот на растенијата и да им помогне да закрепнат. Клучот е во салицилната киселина, една од состојките на аспиринот, што го овозможува ова. Аспиринот е корисен за сите видови растенија, без разлика дали ги одгледувате во двор или во саксии дома и на тераса.

Како да направите раствор?

Ставете една таблета аспирин во 100 ml дестилирана вода. Скршете ја таблетата и измешајте додека целосно не се раствори. Наводнувајте и прскајте ги цвеќињата со оваа смеса еднаш неделно за најдобри резултати. Ќе го обнови, ќе го подобри развојот на корените, ќе им овозможи на цвеќето да биде пораскошно, ќе спречи појава на габи. Повторно ќе биде украс на вашата тераса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag