
Последниве години ѕвездата од „Очајни домаќинки“ во текот на летните месеци ја нарекува Марбела свој дом, додека со задоволство присуствуваше на гала настани во овој шпански град..

Global Gift фондацијата на гала настанот што се одржа оваа недела во Марбела не помина без Ева Лонгорија, 49-годишната ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ која редовно ги поминува летните месеци во овој град на југот на Шпанија со своето семејство.Познатата бринета на овој гала настан малкумина ги остави рамнодушни во светкав црвен фустан со заводлив шлиц.

Додека позираше за собраните фотографи, Лонгорија имаше помош од шпанската дизајнерка Вики Мартин Берокал за да и помогне да прилагоди дел од фустанот пред да бидат подготвени повторно да позираат.По брзото прилагодување, ова дуо продолжи да позира, а во текот на вечерта, на задоволство на публиката, Ева се искачи и танцуваше боса на преполната долга маса.

Појавувањето на Ева на овој гала настан се случи само неколку дена откако таа се пофали со завидна фигура на песочните плажи на Марбела во друштво на нејзиниот сопруг, 56-годишниот Хозе Антонио и шестгодишниот син Сантијаго.