20 години изгледа идентично: Никол Шерцингер никогаш не ги прескокнува грицките, а со овој трик не се дебелее од нив

popara22 јули, 20247min00
Никол Шерцингер

Не само што секогаш посегнува по ужина во истото и јасно дефинирано време од денот, туку поранешната членка на групата “Pussycat Dolls” внимателна е со избирот меѓу оброците.

Американската пејачка Никол Шерцингер направи вистинска сензација со групата “Pussycat Dolls”, формирана во 2003 година и оттогаш е една од најатрактивните жени на планетата.

Огнената убавица по потекло од Хаваи уште од првите денови на кариерата се истакна со својот изглед кој го одзема здивот, а во одржувањето и помага тоа што на тренинзите пристапува многу сериозно, танцува со години и секако внимателно избира што јаде.

Менито на Никол Шерцингер често беше тема на медиумите, а многумина не знаат дека пејачката, за разлика од многумина кои можат да се пофалат со ваква фигура, не може да одолее на грицките.

Сепак, за да не зажали подоцна, оваа ѕвезда има свои мали трикови.

Најдобро време за ужина

Главната тајна на Никол Шерцингер е тоа што ја остава ужината за попладне, а нутриционистите се согласуваат со нејзиниот избор.

 

– Најдобро време за протеинска ужина во втората половина од денот е помеѓу три и четири часот. Ова истовремено ќе го започне вашиот метаболизам и ќе го намали шеќерот во крвта – изјави своевремено за Инсајдер Фрида Харју, позната шведска нутриционистка.

Што грицка Никол Шерцингер?

Како што има изјавено пејачката за Women’s Health, за ужина најчесто јаде сурови бадеми, чери домати, пуканки и темно чоколадо.

– Ако имам некое замрзнато овошје, ќе направам смути со овесно млеко – објаснила Никол. – Некогаш и додавам и куркума која е вкусна и има антиинфламаторно дејство.

Ако сака да јаде нешто солено, пејачката ќе отвори кесичка чипс, а особено сака многу солени верзии со оцет.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma