Моќна во бело: Иванка Трамп во безвременски сет за сите прилики го поддржа својот татко за време на изборната кампања

popara22 јули, 20241min00
Иванка Трамп

Омилената ќерка на Доналд Трамп, Иванка Трамп ги воодушеви сите присутни на  митингот на републиканците минатата недела.

Иванка Трамп во четвртокот вечерта го поддржа нејзиниот татко Доналд Трамп за време на Националната конвенција на Републиканците, заедно со другите членови на семејството.

Постарата наследничка на Трамп стоела во вип делот меѓу нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и помладата полусестра Тифани Трамп, додека нивниот татко, актуелниот претседателски кандидат, седел пред нив.

Ноќта кога се најде како морална, но и техничка поддршка за нејзиниот татко, Иванка беше олицетворение на моќна и модерна деловна жена.

Од самиот почеток на политичкиот ангажман на Доналд Трамп, според мислењето на многумина неговата омилена ќерка, Иванка секогаш беше тука за да му пружи помош и поддршка.

Успешна бизнисменка и мајка на три деца совршено успева да го балансира својот подеднакво богат приватен и деловен живот, а нејзиниот моден израз е во целосна хармонија со нејзината сестрана личност.,

На републиканската национална конвенција, Иванка ги воодушеви сите присутни појавувајќи се во моќен бел комплет Versace.

Целиот изглед го надополни со луксузни чевли од Jimmy Choo и чанта Manolo.

Иванка по конвенцијата се огласи на социјалната мрежа X/Твитер, објавувајќи видео од нејзиниот татко со опис: – Ти си воин и ќе победиш. Те сакам тато.

 

Иако најголемата поддршка наоѓа во Иванка, Трамп ужива во трката за реизбор на претседателскиот мандат со сите негови наследници, вклучувајќи ја и најстарата внука Кеј Трамп, која пред некој ден одржа говор во чест на својот славен дедо.