Ова едноставно овошје е вистинско богатство: Ја обновува меморијата и го чува срцето

popara22 јули, 20241min00
1721646262-sambazon-qfIVXu7nxGU-unsplash-750x501

Едно мало, но моќно овошје – брусницата – може да го има клучот за зачувување на меморијата и спречување на деменција.

Истражувачите од британскиот универзитет во Источна Англија открија дека секојдневното консумирање брусница може да биде клучот за подобрување на меморијата, забавување на развојот на деменција, па дури и намалување на „лошиот“ холестерол.

Помага при деменција и намалување на холестеролот

Студијата следела 60 здрави испитаници во текот на 12 недели, при што половина од нив секојдневно консумирале брусница во прав, додека другата половина добивале плацебо. Резултатите биле изненадувачки – испитаниците кои консумирале брусница покажале значително подобрување на меморијата во секојдневните настани, подобра циркулација на крвта во мозокот, па дури и намалување на нивото на „лошиот“ холестерол.

д-р. Дејвид Ваузур, раководител на истражувањето, истакнува дека ова е една од првите студии кои го истражуваат долгорочното влијание на брусницата врз когнитивните способности и здравјето на мозокот. Резултатите се многу охрабрувачки и можат да послужат како основа за идни истражувања за влијанието на брусницата и сличните бобинки врз здравјето на мозокот.

Брусницата е позната по својата моќ да се бори против слободните радикали во телото, благодарение на антиоксидансите како што се витамините Ц и Е, како и флавоноидите. Покрај тоа, тие се богати со влакна, кои можат да помогнат во одржување на здравјето на уринарниот тракт.