Парис Хилтон открива дека има ново милениче – свинче со кое ја дели постелата. Парис и нејзиниот дечко Даг повеќе не спијат сами – тие креветот го делат со новото милениче, 10 месечното свинче по име Принцезата Пиглет.
“Со Даг си лежиме во кревет и си гледаме филмови, а тоа си лежи меѓу нас. Срценце е и многу си го сакам”, вели Парис, која го купила свинчето од љубомора кон свињата на брат ѝ.
“Брат ми го купи свинчето кога беше во Вегас и бев бескрајно љубоморна, бидејќи од секогаш мечтаев за свое”, продолжува Парис додавајќи дека своето милениче го купила преку интернет. Ова е 13-то милениче во “збирката” на Парис.
Оваа вест се појави после неколку недели откако Јелена Карлеуша ја промовираше својата свиња, па се прашуваме дали ЈК ќе и замери на својата колешка за овој плагијат.