Актерката Никол Егерт беше една од ѕвездите на популарната серија „Чувари на плажата“ и многу гледачи воздивнуваа по неа. Иако Памела Андерсон беше најпознатата актерка, русокосата Никол која го отелотвори ликот на Самер Квин во периодот од 1992 до 1994 година, го привлече целото внимание на публиката.
Набргу по улогата Никол ги зголеми градите, а потоа ги намали по само една година. Денес, Никол има 52 години и изгледа поинаку од тогаш. Витката, затегната фигура во црвениот костим за капење е заменета со широки панталони, широки маици и битка со вишокот килограми, а Никол мораше да ја избричи и главата по дијагнозата на рак на дојка.
Актерката беше забележана од фотографите додека беше на пазарење во Лос Анџелес. Таа неодамна излезе за првпат откако ги избричи нејзините препознатливи русокоси прамени и изгледаше дека е расположена додека пазареше среде борбата со ракот на дојката.
Актерката излезе од својот автомобил и носеше разни торби за намирниците. За лежерното излегување таа се одлучи за широка црна маичка и тренди панталони во боја на слонова коска.
Никол, по „Чувари на плажата“ не оствари некоја забележителна улога, а во 2013 година банкротираше. После тоа, таа започна сопствен бизнис со сладолед.
Baywatch star Nicole Eggert, 52, is spotted on a grocery run in Los Angeles… after shaving her head while battling 'rare' cancer https://t.co/4CARLnHqwh
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) July 19, 2024