Смути направени од сезонски состојки се секогаш идеален избор кога е во прашање вашето здравје.
Ако уживате во утринското смути, тогаш има нешто што го правите редовно или сакате да ги менувате вкусовите. Во која категорија и да спаѓате, ве охрабруваме да го практикувате овој начин на консумирање овошје и зеленчук за да го одржите доброто целокупно здравје.
Ова зелено смути е вистинската работа: користење на две свежи состојки за поддршка на вашиот имунолошки систем, што е нешто што на сите ни е приоритет во моментов,изјави блогерката и авторка Елиза Саливан.
Нутриционистите често истакнуваат дека за целокупното здравје на организмот треба да јадете разновидна храна, а на менито да има што повеќе намирници, а овој совет најлесно се следи со подготовка на смути.
Станува збор за киви и портокал, плодови кои се одлични и за зајакнување на имунитетот.
– Портокалите се богати со витамин Ц, антиоксиданс кој помага во борбата против слободните радикали – објасни диететичарот д-р Маја Фелер, додавајќи дека, иако нешто помалку познато и помалку застапено на менито, кивито е одлично и за зајакнување на имунитетот и за активирање на сите одбранбени механизми .
– Покрај тоа, кивито е богато и со витамин Ц, како и со некои други клучни хранливи состојки, како што е калиумот.
Покрај овошје, ова смути содржи и таканаречен бебешки кељ, кој има три пати повеќе витамин Ц од спанаќот, а во него влегуваат и семките од коноп (или срцата од коноп), кои исто така се одлични за имунитетот, па нутриционистката д-р Дезире Нилсен вели дека ги додава во сите оброци и ги консумира секојдневно.
– На нашиот имунолошки систем му се потребни минералите што ги содржат: како магнезиум и манган, кои ни помагаат да се опуштиме и да ја одржиме есенцијалната рамнотежа на цревата и мозокот.
Зелено смути за имунитет
Состојки:
2 шолји бебешки кељ
1 киви
1 портокал
од 1 до 1,5 чаши обезмастено млеко
1 лажичка куркума
прстофат мелен црн пипер
1 лажица семки од коноп
1 лажичка свеж рендан ѓумбир
Сите состојки добро измешајте ги во блендер и додадете млеко додека не ја добиете саканата текстура.
Уживајте!