Совршена фризура за на море: Еве како да направите „меур“ плетенка, ви требаат само 3 минути!

popara23 јули, 20241min00
95075_frizura-kosa-shutterstock-2237998259_f (1)

Кога е жешко или кога сте на одмор, најлесно е да ја ставите косата во пунџа или да врзете опавче. Но, за само неколку минути можете да добиете елегантна фризура. Направете „меур“ плетенка, односно bubble braid.

Идеална фризура за море

Кога станува збор за летните фризури, главен приоритет е да пронајдете практична која изгледа добро и може да ја издржи топлината. Оваа сезона „меур“ или „bubble“ плетенки станаа главен избор на сите дами кои сакаат да добијат брза фризура. Овие разиграни плетенки се идеални за на плажа, кога сакате да изгледате убаво, но без фенирање и фигаро. Практични се, убаво изгледаат, а може да се носат и на плажа и за вечерно излегување.

pletenica

Деновиве постојано можете да го видите на социјалните мрежи, а ги носат и познатите дами, како Сидни Свини, Џиџи и Бела Хадид, Оливија Родриго. Можеби на прв поглед ви изгледа тешко да ги направите, но за неколку минути можете сами да си направите плетенки дома. Познатата фризерка Синтија Алварез ги опишува како „една или повеќе опашки врзани со ленти за коса неколку пати надолу по опавчето, со околу еден или два инчи простор меѓу нив“.

@oliviadaytonn

#hair #ponytail #bubblebraid #sleekpony #sleekponytail #braid #bubbleponytail #bubblepony #hairhowto #sleekhairstyle #slickback #slickbackponytail

♬ original sound – spedupsongsnlyrics

Како да направите плетенка „меур“?

Врзете ја косата во високо опавче ако сакате поспортски изглед или средно опавче ако сакате лежерен изглед, а ниското опавче ќе даде поелегантен изглед. Земете уште една гумичка за коса и врзете ја неколку инчи пониско во репчето. Со прстите повлечете го просторот помеѓу првата и втората гумичка за коса за да ги олабавите и да им дадете форма на меур (така го добила името плетенката). Продолжете да го повторувате овој чекор на секои 2-3 сантиметри по конската опашка додека не стигнете до крајот. Оставете отпуштен дел на крајот за плетенката да изгледа модерно. И еве ја, „меур“ плетенка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag