Храна која го уништува лошиот холестерол

popara24 јули, 20241min00

Покачениот холестерол го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, срцев и мозочен удар и периферни артериски заболувања.

 

 

 

 

Затоа е важно холестеролот да се одржува во нормални граници со правилна исхрана и редовна физичка активност.

 

Кога станува збор за правилната исхрана, кардиолозите тврдат дека има седум намирници кои треба почесто да ги консумираме доколку се стремиме да го намалиме покачениот холестерол.

 

Овие намирници го намалуваат LDL или „лошиот“ холестерол и го зголемуваат HDL или „добриот“ холестерол.

 

Овес и јачмен

Овесот и јачменот често се јадат за појадок и содржат посебен вид влакна, бета-глукан, кој се врзува за лошиот холестерол и го олеснува системот да го исфрли од телото. За здрава количина на бета-глукан, важно е да се стремите кон 120 до 200 грама овес или јачмен дневно.

 

Масна риба

Лососот, скушата и пастрмката се полни со омега-3 масни киселини кои го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат добриот холестерол. Вклучете мрсна риба во вашата исхрана најмалку двапати неделно. Здрава порција е околу 100 грама мрсна риба.

 

Јаткасти плодови

Богати со мононезаситени и полинезаситени масти, јаткастите плодови активно делуваат на намалување на лошиот холестерол. Бадемите, оревите и ф’стаците се особено добри бидејќи содржат антиоксиданси кои имаат дополнителни кардиоваскуларни придобивки.

 

Дневниот внес на јаткасти плодови не треба да надминува 40 до 50 грама.

 

Маслиново масло

Основата на медитеранската исхрана содржи мононезаситени масти кои можат да го намалат лошиот холестерол. Внесувајте две до три лажички маслиново масло дневно.

 

Овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот, како што се боровинки и спанаќ, не само што делуваат како шарен додаток на оброците, туку и се богати со влакна, антиоксиданси и растителни стероли. Јадете пет порции овошје и зеленчук дневно.

 

Мешунки

Растворливите влакна во гравот, леќата и наутот се врзуваат за холестеролот и го исфрлаат од телото. Мешунките треба да ги вклучите во исхраната неколку пати неделно. Големина на препорачана порција е околу 120 до 200 грама варени мешунки.

 

Авокадо

Слично на маслиновото масло, авокадото содржи мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат добриот холестерол. Вклучете половина авокадо во вашата дневна исхрана. Авокадото може да се додаде во салати, сендвичи или да се користи како намаз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma