Сметаат дека состојбата ѝ се влошува: Нови слики од Селин Дион укажуваат дека болеста земала замав

popara24 јули, 20241min00
88713_profimedia-0875817458_f

Музичката дива Селин Дион (56) денеска во попладневните часови слета во Париз каде, како што пишува, за неколку дена ќе присуствува на отворањето на 33. летни олимписки игри, пренесува Дејли Мејл. Канаѓанката се појави пред хотелот Le Royal Monceau – Raffles, а на влезот ја пречекаа љубопитните фотографи и направија неколку фотографии. Бидејќи е голем професионалец, Селин на овој прием реагираше со насмевка, но фановите на социјалните мрежи беа загрижени за нејзиниот изглед.

Пејачката за оваа пригода облече свечено одело составен од широки црни панталони и јакна со бела кошула одоздола. Недостатокот на шминка го надополни со големи очила за сонце зад кои ги сокри очите, додека видно разбушавената коса и беше врзана во ниско опавче. Иако повеќето фанови беа воодушевени од изгледот на нивната омилена пејачка, некои од нив изразија загриженост за нејзината здравствена состојба, а својот став го потврдија со денешното издание. Имено, покрај стилскиот избор, Дион изгледа и неухрането, а лицето и е истрошено. Од групата на засегнати, едни сметаат дека причината е заморот, а други тврдат дека причината лежи во влошувањето на здравјето.

Да потсетиме, на Селин и беше дијагностициран таканаречениот „синдром на вкочанета личност“ во 2022 година. Станува збор за прогресивно нарушување кое може да го спречи одењето и другите основни вештини за секојдневно функционирање и ги претвора луѓето во „живи скулптури“. „Иако сè уште учиме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа е она што ги предизвикува сите грчеви што ги имав. За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот секојдневен живот, понекогаш предизвикувајќи потешкотии при одење и ме спречуваат да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, напиша пејачката во својата објава на Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag