За три минути ќе заработи милиони! Селин Дион ќе пее на отворањето на Олимписките игри во Париз и за тоа ќе добие седумцифрен хонорар

popara25 јули, 20241min00
Screenshot_9

Канадската пејачка Селин Дион ќе настапи во петок на свеченото отворање на Олимписките игри во 2024 година во Париз, јавуваат странските медиуми.

 

 

 

 

Таа ќе биде главна музичка ѕвезда на свеченото отворање, а во Париз пристигна пред два дена.

 

Организаторите за овој настап издвоиле 2 милиони долари, а таа на отворањето ќе отпее само една песна, наведува TMZ. Покрај хонорарот, ќе и бидат исплатени сите патни трошоци, како и сместување.

 

Селин на Олимписките игри ќе ја изведе химната на љубовта („L’Himne a l’amour“) од Едит Пјаф. Дион веќе настапи на отворањето на Олимписките игри во Атланта во 1996 година.

@flashedinparis

Céline Dion à Paris sortant de son hôtel pour aller répéter pour les jeux olympiques #CelineDion #Paris #JeuxOlympiques @Celine Dion

♬ son original – Flashed in Paris

Страшни болки

Пејачката веќе извесно време е во центарот на вниманието откако отворено почна да зборува за синдромот на вкочанета личност, ретко автоимуно пореметување, со кое веќе подолго време се бори.

 

Селин го објави документарниот филм „Јас сум: Селин Дион“ во кој вети дека ќе се врати на сцената. А болните сцени низ кои поминува пејачката поради тресење, грчеви и силни болки не престануваат да ја обиколуваат планетата.

 

Што се случува со Лејди Гага?

Исто така, NBC News објави дека во моментов во Париз е уште една светска сензација – Лејди Гага. Сепак, засега нема потврда дали и таа ќе настапи на отворањето.

 

Во прилог на ова, видеото објавено на социјалните мрежи во понеделникот покажува како Лејди Гага им мавта на обожавателите пред нејзиниот автомобил во Париз.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag