Вечна комбинација и хит чанта: Натали Портман најде победничка модна формула

popara25 јули, 20241min00
Натали Портман

Познатата оскаровка ова лето пронајде победничка формула, која вклучува фармерки, обична маичка и препознатлив модел на чанта Dior во рацете.

Славната Натали Портман последниве недели активно го промовира својот нов проект, серијата „Дамата во езерото“ снимена за Apple TV+ според истоимениот роман на Лора Липман.

Кога не е во минијатурни цветни фустани,редовно може да се види во безвременска комбинација на фармерки и маичка, која ја подигнува на ново ниво со додатоците.

Додавањето на практична чанта што може да се носи во сите прилики се покажа како најпопуларна за познатата оскаровка.

Станува збор за препознатлив модел Book Tote со потпис на францускиот Dior, за кој 43-годишната актерка долги години настапува како заштитно лице. Марија Грација Чиури, креативна директорка на Dior, ја претстави оваа чанта создадена од текстил и со кратка рачка во колекцијата за сезоната пролет/лето 2018 година и оттогаш не престанува да ги интригира љубителите на модата.

Неjзината цена во зависност од дизајнот, големината и опцијата за персонализација изнесува околу три илјади евра.

Во светот на славните, занесната Колумбијка Софија Вергара се покажа како најголем љубител на овој практичен модел, а освен ѕвездата на ‘Модерна фамилија’, на шармот на оваа чанта не можеше да одолее уште една позната Латино дива.

Станува збор за Џенифер Лопез, која оваа недела го прослави својот 55-ти роденден и која исто како и Вергара често носи своја верзија на чантата Dior во лежерен стајлинг.

Позната модна куќа во сопственост на француската групација LVMH стана предмет на голема истрага во Италија, според која е откриено дека луксузниот бренд плаќа изненадувачки ниска цена за производство на чанти, кои подоцна ги продаваат по превисоки цени.

Според собраните документи,Dior на добавувачот му плаќа само 57 долари за создавање на чанти, за подоцна да се продаваат по цени кои достигнуваат и до три илјади евра, како во случајот со популарниот модел Book.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma