Ако во семејството имате историја на кардиоваскуларни болести или пак, вашиот лекар ви дал совет да внимавате на здравјето, сигурно веќе размислувате за промена на животните навики. Кардиолозите сметаат дека со правилен избор на намирици можете да ги спречите штетните последици по здравјето на срцето. Храната која е солена, масна и преработена треба да ја избегнувате, но одредени намирници треба да бидат дел од вашето дневно мени во што поголема количина.
Освен јаткастите плодови, лиснатиот зеленчук, рибата и житарките, познато е дека одредени видови овошје предничат во борбата за здравје на овој витален орган.
Еве за кои видови овошје станува збор:
Бобинки
Кардлиозите најголема предност им даваат на бобинките кои се богати со антиоксиданси и влакна, а тоа ги прави идеална храна за срцето. Освен тоа, придонесуваат за намалување на холестеролот, кој е голем непријател на здравјето на срцето. Бобинките може да се пофалат и со ниска калорична вредност па затоа се одлични како ужина од која не би имале грижа на совест.
Јаболка
Јаболката се полни со влакна и антиоксиданци, а тоа ги прави одлично овошје за здравјето на срцето. Јаболката содржат влакна кои исто така, може да го намалат нивото на холестерол.
Грозје
Грозјето содржи антиоксиданси познати како флавоноиди кои помагаат во заштитата на срцето од оштетување, а воедно го стабилизира нивото на холестерол и ги намалува воспалителните процеси во телото. Исто така, ововошје е богато со влакна па може да се користи во салати заедно со друго овошје или дури и да се комбинира со јогурт за освежувачки меѓуоброк.
Портокал
Портокалот е одличен извор на витамин Ц, со што го штити срцето од оштетување. Освен тоа, портокалот е богат со влакна што го прави идеален додаток на исхраната. Портокалот помага во регулирање на крвниот притисок благодарение на својата на калиумот