Новата стилска икона, актерката Зендаја Колман, минатата година стана заштитно лице на Louis Vuitton, а токму таа го имаше едно од највпечатливите изданија на забавата на модната куќа пред свеченото отворање на Олимписките игри.
Луксузната француска групација LVMH е генерален спонзор на Летните олимписки игри во Париз, па не е чудно што 33-тото издание на Игрите предизвика голема помпа на модната сцена уште пред официјалниот почеток.Во пресрет на церемонијата на отворањето, францускиот Louis Vuitton организираше гламурозна забава со мноштво гости преполни со ѕвезди.
Во 2023 година, ѕвездата од филмската франшиза „Дина“ стана нов амбасадор на модната куќа Louis Vuitton, а на забавата во Париз го имаше едно од најзабележителните изданија.
Новата стилска икона во фустан кој никогаш не излегува од мода
Новата стилска икона, како што многумина ја нарекуваат, плени со елеганција во блескавата верзија на една од најголемите модни класици од 90-тите. Со карактеристични тенки прерамки,совршено се вклопува на фигурата на 27-годишната Зендаја.
View this post on Instagram
Очекувано, овој фустан на Зендаја го потпишува Louis Vuitton, а за ова издание се погрижи нејзиниот долгогодишен стилист и пријател Ло Роуч.
Заедно со блескавата креација, таа носеше минијатурна металик чанта од Луј Витон како единствен впечатлив додаток во нејзиниот стајлинг.