Применете ја методата „333“ и олеснете си го пакувањето за на одмор: Ќе заштедите многу простор во куферот

popara27 јули, 20241min00
95478_shutterstock-2468732649_f

Пакувањето за одмор може да биде вистински предизвик, а многумина ќе се согласат дека најчесто носиме премногу работи на море.

Ако спаѓате во групата на луѓе кои секогаш велат дека ќе земат што помалку облека на следното патување, можеби ќе ви се допадне овој вирален трик кој заштедува простор во вашиот куфер. Како и повеќето совети, трикови и препораки, овој метод исто така потекнува од TikTok, а многу жени истакнале како се преродиле откако го користеле.

Станува збор за методот 333, едноставна стратегија која ќе ви помогне да земете само мал куфер на одмор. Методот 333 налага да донесете три парчиња горна облека, три долни облеки и три пара чевли – сосема доволно облека за патувања кои траат до една недела.

Непишано правило е дека овие девет парчиња треба да се надополнуваат, за да се добијат многу комбинации, совршени за сите прилики, како прошетка низ град, романтична вечера или излегување со пријателите.

@heyyitsjoelle

using the 333 method to create outfits is the biggest hack to packing your suitcases more efficiently! ✈️ tried my best to curate effortlessly cool & casual summer outfits without overpacking 😙 all outfits from @City Beach Official #summeroutfit #summerfashion #summerlooks #summeroutfits #tryonhaul

♬ Whoops – Meghan Trainor

На овој начин лесно можеме да комбинираме летна гардероба на одмор, а во исто време да заштедиме простор и да си обезбедиме бескрајни модни можности.

На пример, во методот 333 совршено се вклопуваат едноставна бела маичка, лесна летна кошула и ефективен горен дел со спуштени рамена.

Овие парчиња лесно можете да ги комбинирате со ленени панталони, тексас здолниште (или тексас панталони) и лелеави летни здолништа, а за обувки можете да носите влечки или сандали и чевли со високи потпетици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag