Копривата е богата и со флавоноиди кои одлично делуваат на работата на организмот и јакнење на имунолошкиот систем. Што се однесува до богатството на витамини и минерали содржани во ова растение, половина килограм коприва има три пати повеќе провитамин А од дневните потреби на човечкото тело. За споредба, 10 грама спанаќ има 10 милиграми калциум и 8 милиграми магнезиум, а 10 грама коприва содржи дури 290 милиграми калциум и 86 милиграми магнезиум.
Чај против опаѓање на косата
Чајот од коприва е еден од најдобрите природни лекови против опаѓање на косата. Копривата делува така што го храни коренот на косата со витамини и минерали кои поттикнуваат побрз раст на косата. Покрај тоа, копривата е одличен природен лек за првут, а за разлика од агресивните шампони, копривата не го иритира скалпот. За потребите за зајакнување на косата, чајот од коприва може да се користи секојдневно. За многу краток временски период косата станува посјајна, свиленкаста, значително погуста, но и поздрава.
Сварете неколку листови од свежа коприва. Изберете ги оние што пораснале што е можно подалеку од улицата, односно на изолиран природен терен. Чајот треба да се подготви како и секој друг чај. Единствено на што треба да се внимава е количината, бидејќи за миење на косата потребни се најмалку два литра чај.
Откако ќе го сварите чајот, оставете го да отстои најмалку 45 минути, а потоа процедете го и измијте ја косата. Чајот треба нежно да се масира во косата, почнувајќи од коренот. По масажата можете да ја завиткате косата во кеса или фолија за хранливите материи да останат на косата и да навлезат што подлабоко во коренот на косата.