Џенифер Лопез објави фотографија со својот син Макс, кој ретко го гледаме. Многумина забележаа колку момчето пораснало, но и како се повеќе личи на својот татко Марк Ентони.
„Како да сум го видел Марк“, „Никогаш не сум видел дете да личи толку многу како неговиот татко“, „Џеј Ло, нема ништо твое“, се дел од реакциите на фановите.
Да потсетиме, Џенифер е мајка на близнаците Макс и Ема, кои ги имаше во брак со поранешниот сопруг Марк Ентони. И додека Ема понекогаш може да се види со Џенифер, фотографиите со Макс се навистина ретки.
View this post on Instagram
Ема често е мета на зли јазици поради нејзиниот детски стил на облекување и долго шпекулираната можност дека е трансродово лице. На социјалните мрежи често ја зборуваа затоа што не изгледа како копија на нејзината славна мајка, која со текот на времето се етаблираше и како модна икона.
Судејќи по фотографиите, девојката повеќе сака широка машка облека и спортски стил наместо женствени фустани. Џенифер никогаш јавно не коментирала за лошите коментари за нејзините деца.