Со овој потег Бен Афлек јасно стави до знаење дека на неговиот брак му дојде крајот

popara31 јули, 20241min00
Бен Афлек

Не само што се исели од замокот што го купија заедно и сонуваа да живеат до старост, туку и Бен Афлек купи нова куќа во која започнува нов, независен живот.

Последниот потег на Бен Афлек јасно стави до знаење дека не се надева на никакво помирување и нова шанса да го спаси бракот со Џенифер Лопез. Откако се иселиле од луксузната вила што заедно ја купиле, а која потоа со заедничка одлука ја пуштиле на пазарот, холивудскиот актер решил да си купи сопствена куќа, за да не размислува дали ќе остане “на улица”.Изборот паднал на населбата Пацифик Палисадес во Лос Анџелес и, според ТМЗ, за тоа издвоил 20,5 милиони долари. Станува збор за издание со пет спални соби и шест бањи, кое многу ќе му се најде кога трите деца што ги има со Џенифер Гарнер ќе престојуваат кај него.

Одлучувајќи да купи нов дом, Бен потврди дека нема спас за неговиот брак и дека е само прашање на време кога ќе најде сила да ги потпише документите за развод, а потоа да „признае“ сè на јавноста.

И додека тој веќе купи нов дом, Џенифер последните неколку недели ужива во Хемптонс, каде го прослави и роденденот, на кој, се разбира, Афлек го немаше. За тоа време нивниот дом во кој живееле само неколку месеци го чека новиот сопственик, но поради сумата што ја бараат, а која изнесува неверојатни 68 милиони долари, новиот сопственик се уште не е пронајден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag