Потврдено од 70.000 парови: Вака изгледаат врските во кои сексот е добар

popara31 јули, 20241min00
Емотивна врска

Американскиот психолог и терапевт Џон Готман целата своја кариера ја посвети на проучувањето на брачните односи. Готман е во брак повеќе од 30 години со психологот Џули Шварц Готман, со која основал институт за помош на парови.

Во интервју за „Psychology Today“, Џон и Џули зборуваа за тоа како паровите во долги врски можат да работат на подобрување на нивниот сексуален живот.

Во таа прилика Џон ги откри и навиките на паровите кои имаат одличен сексуален живот: Една работа ме импресионираше кога анализирав што е потребно за одличен сексуален живот, како се одржуваат романтиката и страста во врската и како се негува сексуалната желба.

Книгата “The Normal Bar” претставува студија спроведена на 70.000 парови во 24 земји во светот. Од неа успеав да ги извлечам навиките на паровите со добар сексуален живот, а тоа се многу едноставни работи.

Секој ден си кажуваат дека се сакаат и навистина го мислат тоа. Тие ќе се бакнуваат страсно без никаква причина. Тие си даваат комплименти. Подаруваат и подготвуваат романтични изненадувања еден на друг. Излегуваат на состаноци. Често се гушкаат. Нежности искажуваат и во јавноста. Ова не е научна фантастика. Тајната на добрата сексуална врска е буквално да останете во физички контакт еден со друг.Џули напоменала дека паровите често се под притисок бидејќи имаат погрешни очекувања од сексот.Луѓето мислат дека сексот мора да биде совршен и да изгледа холивудски. Мора да има огномет околу вас додека ѕвездите светат на небото, под Месечината. Тоа едноставно не е реално. Сексот треба да биде само онаков каков што сакате да биде. Не мора секогаш да биде совршено или романтично. Ова сознание им дава слобода на паровите да бидат поизразени и покреативни во креветот, заклучи таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma