Кое е најздравото време за спиење?

popara31 јули, 20241min00
Screenshot_1

Ако често се будите ненаспани и уморни, дури и кога спиете цели 8 часа, можеби едноставно си легнувате во погрешно време.

 

 

 

 

Експертите тврдат дека најдоброто време за легнување е меѓу 22 и 23 часот, а тоа е поврзано со помал ризик од развој на срцеви заболувања.

 

Ова е објавено во European Heart Journal – Digital Health, списание на Европското здружение за кардиологија.

 

„Телото има 24-часовен внатрешен часовник, деноноќен ритам, што помага во регулирање на физичкото и менталното функционирање. Резултатите сугерираат дека раното или доцното легнување имаат поголема веројатност да го нарушат внатрешниот часовник, со негативни последици по кардиоваскуларното здравје. Не ги знаеме причините за тоа“, вели д-р Дејвид Планс, автор на студијата.

 

Во неа учествувале 88.026 испитаници во Велика Британија, од периодот меѓу 2006 и 2010 година. Нивната просечна возраст била 61 година, со опсег од 43 до 79 години, а 58% биле жени.

 

Во период од 5 до 7 години, 3.172 учесници развиле кардиоваскуларни болести. Бројот бил поголем кај оние кои си легнувале на полноќ или подоцна, а најмал кај оние кои си легнуваме меѓу 22:00 и 22:59 часот.

 

Во споредба со тој „златен час“, постои 25% поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести ако легнете на полноќ или подоцна, 12% поголем ризик ако легнете помеѓу 23 часот и полноќ и 24 отсто поголем ризик ако заспиете пред 22 часот.

 

„Нашата студија покажува дека оптималното време за спиење е во одредена точка од 24-часовниот циклус на телото и дека отстапувањата можат да бидат штетни за здравјето. Најризично време за спиење е после полноќ, потенцијално затоа што може да ја намали веројатноста да се види утринската светлина која го ресетира телесниот часовник“, објаснува д-р Планс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma