Американската актерка Џенифер Анистон во неделата во Њујорк снимаше сцени за серијата „The Morning Show“ во која ја има главната улога.
Бројни минувачи биле сведоци на моментот кога актерката била полеана со лажно масло.
Фотографиите од снимањето набрзо се проширија на социјалните мрежи, на кои се гледа дека Џенифер, поточно нејзиниот лик Алекс, стои со демонстрантите. Потоа некој од страна истура мрсна црна течност врз нејзината бела блуза и беж панталони, што беа целосно уништени.
https://x.com/EnforceTheTruth/status/1817953604164075746?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1817953604164075746%7Ctwgr%5E9b47c97c5f439cbf47d14405344cb2fab204b2e0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fdjenifer-aniston-e-napadnata-na-ulica-vo-njujork-i-poliena-so-crna-technost-video%2Fa652388
Анистон била „шокирана и лута“ откако црната течност завршила врз неа.
https://x.com/ilyjenanist/status/1818002463317774757?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1818002463317774757%7Ctwgr%5E9b47c97c5f439cbf47d14405344cb2fab204b2e0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fdjenifer-aniston-e-napadnata-na-ulica-vo-njujork-i-poliena-so-crna-technost-video%2Fa652388
Првата сезона на „The Morning Show“ беше објавена во 2019 година, а покрај Џенифер, глумат Рис Витерспун и Стив Карел. Драмата неодамна беше номинирана за неколку Еми награди. Во серијата, Џенифер и Рис играат ривали кои работат како репортери.
Инаку, моментално се снима четвртата сезона од популарната серија која се емитува на Apple TV.