Џенифер Лопез е снимена како бесно им вика на папараците кои ја снимиле додека била надвор со децата
Џенифер Лопез моментално е на насловните страници поради односот со нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек, додека се погласни се шпекулациите за нивниот претстоен развод.
Двојката се венчаше во 2022 година, а среде гласините за разделба, актерката беше забележана со нејзините деца во Хемптонс во Њујорк. На социјалните мрежи кружи видео каде Џенифер ги изгуби нервите поради папараците кои ги фотографираа.
Таа им се нафрли дека премногу и се доближиле додека ги фотографирале. Како одговор, таа побара од нив да се повлечат.
„Држете се подалеку од мене и од децата“, им рече, а потоа налутено повтори со повишен тон, барајќи од нив да се држат настрана бидејќи не ја слушаат.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
На социјалните мрежи, го оправдаа нејзиното однесување бидејќи била со деца, посочувајќи дека треба да има граници без разлика што има на јавно место.
Сепак, забележлива е разликата во нејзиното однесување во однос на почетокот на врската со Афлек кога среќно им позира на папараците.
Лопез неодамна наполни 55 години и беше домаќинка на раскошна роденденска забава на тема „Бриџертон“. Сепак, она што сите го забележаа е фактот дека Бен не бил на забавата.