
Кога стана јасно дека путерот е неспоредливо поздрав од маргаринот, стана незаменлива состојка во кујната.
И додека на некои јадења им дава незаменлив вкус, други може речиси да не се јадат поради путерот.
Јадења кои не треба да ги готвите со путер се:
Пржено месо
Секој тип на маснотии почнува да согорува и чади на одредена температура. Со путерот, оваа температура е релативно ниска, па веќе на 175 степени подобро е да користите друга маст ако печете свински котлети, телешки стекови или пилешко филе.
Тортиљи
Ако правите сами тортиљи, треба да користите масло. Ако се обидете да ги направите со путер, водата во него ќе расипе се. Маснотиите имаат совршена конзистентност и неутрален вкус.
Печени компири
Ако сакате печените компири да ви бидат крцкави, не пржете ги на путер. Подобро е да користите масло – путерот ќе ги направи кашести.