Aerosmith најавува повлекување од турнејата, Стивен Тајлер ги оштетил гласните жици

popara3 август, 20241min00
Aerosmith "Farewell Tour" Opener - Philadelpha, PA

Aerosmith најавија повлекување од турнејата бидејќи целосно закрепнување на гласните жици на фронтменот Стивен Тајлер „не е можно“.

Американскиот рок бенд, познат по хитовите како Dream On, Dude (Looks Like A Lady) и Walk This Way, ги откажа настапите на својата проштална турнеја минатиот септември бидејќи на Тајлер му требала „итна грижа“ за оштетените гласни жици.

„Како што знаете, гласот на Стивен е уникатен инструмент“, објави бендот на X.

„Со месеци работеше неуморно за да го врати гласот како што беше пред повредата. Видовме дека се мачеше иако со себе го имаше најдобриот медицински тим. За жал, јасно е дека целосно закрепнување од повреда на гласните жици не е можно. Како група донесовме тешка, но неопходна одлука – да се повлечеме од турнејата“.

Минатата година, бендот рече дека повредата на Тајлер е „посериозна отколку што се мислеше“ и ја откажа турнејата.

Групата, која ги вклучува Џо Пери, Том Хамилтон, Џои Крамер и Бред Витфорд, рече дека им е „чест што нашата музика стана дел од вашата музика“.

„Искрата на инспирација во 1970 година стана Аеросмит“, стои во објавата.

„Благодарение на вас, таа искра се претвори во пламен и гори повеќе од пет децении. Некои од вас беа со нас од почетокот и сите сте причината што ја напишавме историјата на рокенролот“.

Бендот изјави дека се „неописливо благодарни“ на оние кои сакале да ги видат на нивната проштална турнеја.

„Ви благодарам, најдобрите фанови на Земјата. Пуштете ја нашата музика гласно, сега и засекогаш. Сонувајте. Ги остваривте нашите соништа“, се вели во соопштението.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma