Изненадувачки последици од апстиненцијата: Што може да ви се случи ако немате редовни интимни односи

popara4 август, 20241min00
Screenshot_9

Се смета дека просечниот човек има секс вкупно 5.778 пати во животот. Без разлика дали тоа ви звучи малку или многу, оваа бројка неретко е преплетена со периоди на сексуална неактивност.

 

 

 

Тие периоди некогаш се поради личен избор за апстиненција (без разлика дали сте со партнер или не), а некогаш едноставно или ви е опаднато либидото, или немате партнер. Во секој случај, немањето секс се одразува на телото и на психичката состојба.

 

Што се случува со телото кога подолго време немате секс?

 

Опаѓа либидото

Кога се работи за сексуалниот нагон, ако не го користите, почнувате да го губите. Кај луѓето кои свесно се воздржуваат од секс, се јавува летаргичност, опаѓање на виталноста и желбата за секс. „Далеку од очи, далеку од срце“ е фразата со кои некои пациенти на психијатарот Сари Купер ја ипаат опишано оваа состојба. Ова не важи за сите, секако. Некои луѓе имаат зголемена желба за секс кога немаат секс, намерно или случајно.

 

Следниот пат можеби ќе боли

Ова главно важи за жените, особено за оние кои влегле во менопауза. Кога нема редовна пенетрација, ѕидовите на вагината стануваат помалку еластични, а тоа предизвикува болка при сексуалниот однос.

 

Намалена влажност

Друга нус-појава од нередовната сексуална активност, посебно кај жените во менопауза, е намалената влажност на вагината. Тоа исто така се должи на намаленото лачење на хормонот естроген.

 

Пореметување на менструалниот циклус

Повторно, жените полошо си поминуваат без редовен секс. Истражувањата покажале дека редовниот секс помага во одржување на хормоналниот баланс, а со тоа и редовни менструални циклуси. Исто така, некои лекари велат дека сексот за време на циклусот може да помогне во ублажување на болките и грчевите.

 

Добрата страна: помал ризик од сексуално преносливи болести

 

Овој факт нема да ве изненади: со сексуална апстиненција го намалувате драстично ризикот од заразување со сексуално преносливи болести.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag