Славниот глумец итно префрлен во болница

popara4 август, 20241min00
US-ENTERTAINMENT-FILM-GALA

Холивудската ѕвезда Зак Ефрон е хоспитализиран откако се повредил во вила на Ибица.

Имал среќа што персоналот навреме го пронашле.

Актерот Зак Ефрон се здобил со непријатна повреда додека пливал во базен на луксузен одмор на Ибица, Шпанија и завршил во болница каде се опоравува од раната.

Набрзо се огласија и неговите претставници кои ги отфрлија сомнежите за сериозна повреда и порачаа дека на крајот сè поминало добро.

„Во ред е“, потврдил портпаролот на актерот.

Извори за People откриле дека несреќата се случила во петокот вечерта, по што веднаш бил пренесен во болница каде што бил задржан до сабота наутро. Таму актерот бил пронајден од персоналот на вилата, кои го извлекле од водата, додава Пејџ Сикс.

Ефрон пристигна во Шпанија откако присуствуваше на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз и го прослави златниот медал на САД во гимнастика, честитајќи и на Симон Бајлс, со која се сретна на Игрите во Рио во 2016 година.

Инаку, Зак Ефрон и претходно се здобил со повреди во својот дом, кога со чорапи трчајќи низ куќата паднал и удрил во гранитна фонтана, што му го повредило лицето толку многу што морал да оди на операција за зголемување на вилицата. После тоа, редовно се јавуваат загрижени обожаватели кои тврдат дека денес е непрепознатлив… Ефрон првично не бил свесен дека неговата несреќа предизвикала толкава бура на интернет, се додека мајка му не му се јавила и загрижено го прашала дали навистина бил подложен на пластична операција. Сепак, тој не дозволува ваквите шпекулации и негативни коментари да му го нарушат мирот. „Да ми беше толку важно што другите мислат за мене, дефинитивно не би можел да ја работам оваа работа“, изјави актерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag