Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (39) и неговата партнерка, инфлуенсерката Георгина Родригез (30) се на семејно патување во Мадрид.
Убавата Аргентинка објави неколку фотографии на својот инстаграм-профил, каде има речиси 62 милиони следбеници, и им покажа на своите обожаватели како го минува времето во шпанската престолнина.
На првата фотографија, Роналдо и Родригез позираат пред големо огледало и уште еднаш покажаа дека имаат одличен моден стил – фудбалерот носи комплет од кошула и кратки панталони, искомбинирани со стилски очила и бели патики, а инфлуенсерката се одлучила за кремаст топ, тексасни шорцеви, кремасти чевли и чанта од брендот „Ермес“, како и впечатлив накит – дијамантски прстени и нараквица од брендот „Картие“.
Исто така, како вистински хедонисти, тие уживале во вкусен оброк покрај базен. Сепак, инфлуенсерката покажа и дека, дури и кога е на одмор, одвоила време за својата омилена физичка активност – трчањето.