Експертите од Австралиската фондација за срце открија која храна може да помогне во спречување на срцеви заболувања.
Кардиоваскуларните заболувања се главен здравствен проблем во светот.
За да ви биде здраво срцето, покрај редовната физичка активност, треба да се грижите и за здрава исхрана.
Еве кои намирници треба да ги јадете редовно:
Овошје, зеленчук и житарки
Оваа храна содржи многу витамини и минерали, како и влакна и антиоксиданси кои се одлични за спречување на срцеви заболувања.Заедно со сезонското овошје и зеленчук, вклучете житарки како кафеав ориз, овес и леб со семки во вашата исхрана.
Храна богата со протеини
Месото, како пилешкото, е здраво за срцето, но црвеното месо не треба да се јаде повеќе од три пати неделно.Протеините се наоѓаат и во јајцата, но најдобар избор е зеленчукот како грав, наут, леќа и јаткасти плодови.Добар избор на протеини се морските плодови и рибата.
Незасладено млеко, јогурт и сирења
Оваа храна е одличен извор на калциум, протеини и минерали.Секогаш избирајте незасладено млеко и производи без шеќер, а доколку имате проблеми со холестеролот избегнувајте полномасни млечни производи.
Здрави масти и масла
Покрај производите од животинско потекло, корисни масти може да се добијат и од растенијата.За да го постигнете ова, вклучете авокадо, маслинки, јаткасти плодови и семки во вашата исхрана. Овие намирници ќе влијаат на намалувањето на холестеролот во вашето тело.
Зачини
За да ја направиме храната повкусна, често додаваме премногу сол, а солта е еден од најголемите непријатели на нашето тело.Најмногу го има во преработената, индустриска храна. Во јадењата што ги подготвувате, наместо сол, додадете билки кои можете сами да ги одгледувате, како магдонос, босилек, мајчина душица итн.