Дерматолог советува: Правилот на „3 минути“ по туширање ќе ви ја спаси кожата

popara5 август, 20241min00
1722861748-pexels-anntarazevich-5846882-750x472

Дерматологот Дон Дејвис вели дека често прескокнуваме чекор при туширање и тоа често може да доведе до чешање на кожата.

Негата на кожата е исклучително важна, особено кога имаме работа со дерматолошки проблеми.

Во такви случаи, нашите секојдневни ритуали може уште повеќе да ја влошат состојбата на кожата, честопати несвесно.

Најголемиот орган на нашето тело бара внимателна грижа – од миење до хидратација, особено ако кожата е сува.

Зошто кожата чеша после туширање или капење?

Постојат неколку причини за ова. Понекогаш кожата е многу сува и туширањето, особено со топла вода, може дополнително да ја исуши со отстранување на природните масла.

Исто така, чешањето може да биде резултат на чувствителност на сапун кој може да биде премногу груб за вашата кожа или не сте го измиле доволно.

Тоа понекогаш е предизвикано од состојба позната како аквагена уртикарија, каде што водата ги активира нервните завршетоци на кожата, што може да предизвика интензивно чешање после туширање. Сепак, оваа состојба е ретка.

Ако чешањето не престане по туширањето, можете да ги испробате следниве домашни совети и промени на навиките:

– По туширањето, нежно тапкајте ја кожата со крпа наместо да ја триете.

– Сменете го сапунот.

– Прилагодете ја вашата рутина. Ако имате навика да останете под топла вода подолго време, обидете се со пократко туширање со млака вода.

– Некои советуваат употреба на крема со ефект на ладење (но консултирајте се со специјалист пред употреба).

– Зголемете го внесот на течности. Хидратацијата значително влијае на здравјето и изгледот на кожата.

– Редовно користете хидратантна крема.

Дерматологот д-р Дон Дејвис од клиниката Мајо објаснува зошто секогаш ги советува пациентите да го следат правилото од 3 минути: „Препорачуваме хидратација веднаш по капењето. Најдобро е да го направите тоа веднаш штом ќе излезете од бањата“.

Кожата е максимално хидрирана веднаш по туширање или капење. Во тие 3 минути можете да и помогнете на кожата да ја зачува оваа влажност со нанесување лосион или крема, објаснува дерматологот.

Тој исто така додава дека лосионите обично содржат најмногу вода меѓу хидратантните креми. Кремите содржат и вода, но може да содржат и малку масло.

Кожата апсорбира и лосиони и креми. Маслените производи остануваат на површината на кожата, создавајќи бариера помеѓу кожата и околината, што и помага на кожата да се хидрира.

Без оглед на типот на хидратантна крема што ќе ја изберете, правилото од 3 минути може да донесе најголеми придобивки за вашата кожа и вашиот буџет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma