Иако е познато дека жените ја менуваат фризурата кога работите ќе тргнат наопаку, изгледа дека Бен Афлек решил на овој начин да се справи со својата фрустрација.
Гласините за развод се се‘ посилни, светските медиуми шпекулираат дека се поднесени документите за развод, а познатиот актер (51) беше фотографиран викендов и сите се воодушевени од неговиот нов изглед. Она што е дефинитивно е дека никогаш немал пократка коса, а се облекувал сосема лежерно, исто како што го гледавме пред бракот со Џенифер Лопез. Во темни фармерки, кожна јакна и целосно избричен Бен, барем судејќи по сликите, делува несреќно и нерасположено.
Да потсетиме, Бен Афлек и Џенифер Лопез не се видени заедно повеќе од два месеци, таа неодамна сама го прослави својот 55 роденден, а како што пренесуваат странските медиуми, моментално се наоѓаат на спротивните краеви на Америка. Бен е во Лос Анџелес со своите деца од бракот со Џенифер Гарнер, додека Лопез е со пријателите и семејството во Хемптонс.
Неодамна таа беше фотографирана без бурма на раката, што само ги подгрева гласините дека меѓу славната двојка дефинитивно е готово.