Бидејќи жештините се високи, неопходно е да се посвети многу повеќе внимание на складирањето на храната. Дури и да ставите сè во фрижидер, мора да внимавате во кој дел од фрижидерот ќе го ставите. На пример, никогаш не смеете да чувате млеко на вратата.
Џенифер Шо, експерт од „Plumbworld“ советува дека освен млеко, треба да избегнувате да чувате и јајца на врата.
– Ова место е потопло од останатиот дел од фрижидерот, што може да го скрати рокот на траење на млекото. Многу подобар избор е млекото да се чува во централниот дел на фрижидерот – вели таа и додава дека е во ред да се чуваат сокови и сосови во вратата, но не и јајца.
– Месото и рибата, на пример, мора да се чуваат на ладно место. Ова е обично задниот дел од фрижидерот, каде што отворањето на вратата има најмалку ефект врз намалувањето на температурата. Не случајно фрижидерите имаат посебна фиока за овошје и зеленчук на дното – овој дел не е сув како остатокот од фрижидерот и затоа храната ќе биде посвежа подолго време, вели Џенифер.
– Исто така, внимавајте да не го преполните фрижидерот. Ако ги натрупувате работите една врз друга, тоа ќе ја спречи нормалната циркулација на воздухот, што значи дека фрижидерот ќе мора повеќе да работи за да ја излади храната, а храната побрзо ќе се расипува – забележува експертот.
Таа предупреди дека правилното складирање на храната не само што влијае на свежината, туку и ќе ви помогне да избегнете труење со храна, туку ќе заштедите и струја, пишува Дејли експрес.