Бесна е како рис: Џенифер Лопез не може да прифати дека бракот ѝ се распаднал, а на Бен му го замерува ова

popara7 август, 20241min00
Screenshot_1

Американската пејачка Џенифер Лопез е „бесна“ и „понижена“ поради раскинувањето со оскаровецот Бен Афлек.

 

 

 

Се испостави дека Афлек намерно го одложува поднесувањето барање за развод за да ја спаси Џеј Ло од уште поголем срам.

 

„Таа е бесна. Тој ја понижи“, вели инсајдерот, додавајќи дека Бен бил тој што го иницирал помирувањето во 2021 година.

 

Двојката потоа ја обнови својата врска откако Џенифер Лопез се раздели од нејзиниот поранешен вереник Алекс Родригез во април 2021 година. Во раните 2000-ти, Џеј Ло и Афлек веќе беа во врска, па дури и за малку ќе се венчаа.

 

“Ја понижи затоа што тој ја убедуваше дека е љубовта на нејзиниот живот. Пред две години направија две свадби. Ова е некаков рекорд на времетраење на брак, тие не се мали деца”, додал изворот.

 

Во јули 2022 година, парот имаше свадба во Лас Вегас, а следниот месец организираше уште една церемонија во домот на актерот во Џорџија.

 

Конкретно, Лопез е вознемирена што се вмешани и децата од претходните бракови. Џеј Ло ги роди синот Макс и ќерката Ема со пејачот Марк Ентони. И Бен Афлек стана татко три пати во бракот со Џенифер Гарнер – Виолет, Серафина (Фин) и Семјуел.

 

„Вклучени се пет деца. Таа знаеше дека ќе се измешаат семејствата. Таа не прифати целосно дека е готово“, вели инсајдерот.

 

И покрај фактот што познатите личности сè уште официјално не коментирале за нивното  раскинување, голем број медиуми објавија дека се ближи официјалниот развод.

 

„Тие ги финализираа документите за развод уште пред еден месец, но го чекаат вистинското време“, рече инсајдерот.

 

Да потсетиме, Бен Афлек си купи нов дом за себе на роденденот на Џенифер Лопез.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma