Шарлиз Терон на 49 години изгледа подобро од било кога: Нејзината рутина за убавина е едноставна и евтина – и добро функционира

popara7 август, 20241min00
Шарлиз Терон

Актерката Шарлиз Терон денеска наполни 49 години, а ние ви откриваме трикови со кои се уште изгледа свежо и младолико.Една од најпознатите актерки во светот Шарлиз Терон денеска го слави својот 49-ти роденден.

Холивудската дива е позната по беспрекорниот тен и лице кое нема ниту една брчка; речиси може да се каже дека актерката старее наназад.

Во продолжение на текстот ви ги откриваме нејзините тајни.

Ако мислевте дека славната Јужноафриканка користи скапа рутина за убавина во десет чекори – се излажавте.

– Имам пријатели кои се неверојатно опседнати со грижа; тие имаат цел сет на ритуали, а јас дефинитивно не сум таква – рекла еднаш Шарлиз.

Иако не е опсесивна со својата ноќна и утринска рутина, Терон признава дека откако влегла во 30-тите година почнала многу повеќе да обрнува внимание на работите кои претходно не и биле важни.

– Во моите 20-ти ќе спиев со шминка, ќе се разбудев следното утро, ќе ја отстранив шминката со памук и веднаш ќе се вратам во нормала. И тогаш стигнувате до средината на доцните 30-ти и велите: „Ох, затоа има хидрантни креми за лице!“. Мислам дека колку старееш, толку повеќе сакаш да се чувствуваш добро со својата кожа – открила таа.

Најскапоцениот трик на актерката за убава кожа е всушност многу едноставен и достапен за секого. Имено, секое утро по миењето таа  нанесува крема со заштитен фактор на лицето без разлика на сезоната.

 

– Кога ќе се разбудам, само го мијам лицето и нанесувам крема со заштитен фактор – изјави таа во едно интервју.

Таа рече дека нанесува серум, крем за очи и добар хидратантен крем навечер, и додека сака да пробува нови работи, таа секогаш се држи до испробаните и вистинити производи за кои знае дека и се допаѓаат.

– Сакам да пробувам нови производи, но има и такви на кои секогаш им се враќам – потврди актерката.

Исто така, Шарлиз посетува козметичар на секои три недели со цел да ја освежи кожата со разни третмани и да и го врати сјајот.

Сепак, една тајна состојка, според Терон, е доволна и пресудна за жената да се чувствува и да изгледа убаво.

– Колку повеќе стареам, толку поубаво се чувствувам. И кога се обидувам да разберам зошто, сфаќам дека тоа е затоа што се чувствувам како да најдов повеќе моќ – објаснила 49-годишната Терон, осврнувајќи се на нејзиното лично зајакнување.

– Кога човек живее многу среќен живот, дури тогаш станува убав – заклучила убавата Шарлиз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma