Каква кралица! Кејт Бланшет навистина облече блуза направена од – лажици?

popara7 август, 20241min00
62879880-cate-blanchett-na-premijeri-filma-borderlands

Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот „Borderlands“ на режисерот и сценарист Ели Рот. Оваа научно-фантастична акциона комедија е адаптација на истоимената видео игра, најавена во 2015 година, но фановите сепак мораа да почекаат уште малку за неа.

Главната улога во филмот ја толкува Кејт Бланшет. Австралиската оскаровка ја игра Лилит, одметничка со мистериозно минато која се враќа на нејзината планета Пандора за да ја води потрагата по исчезнатата ќерка на најмоќната личност во универзумот, Атлас.

Кејт Бланшет на премиерата дојде во облека која комбинира класични црни панталони со неверојатно интересен горен дел кој, верувале или не, е направен од лажици.

Блузата е дело на брендот Ходакова, кој стои зад иновативната шведска дизајнерка Елен Ходакова Ларсон.

Cate Blanchett u topu brenda Hodakova napravljenom od žlica

„Елен е посветена на развој на целосно одржлива модна куќа и менување на разговорот за тоа што значи одржлива мода денес. Елен користи наследнички парчиња како овие винтиџ лажици пронајдени во шведските села за да создаде неочекувани работи. Баба ѝ би била горда“, напиша на нејзиниот профил на Инстаграм Елизабет Стјуарт, стилистка на Кејт Бланшет.

Актерката на премиерата се пошегува со насобраните новинари и ги замоли да погодат колку лажици има на нејзиниот топ, а Елизабет конечно откри дека за негово правење биле употребени 102 лажици.

Cate Blanchett na premijeri filma Borderlands

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag