Две лица се уапсени во Австрија за наводен план за напад на концерт на Тејлор Свифт, објави австрискиот весник „Кронен цајтунг“.
Еден од уапсените е 19-годишен Австриец „со корени од Северна Македонија“ кој „живеел со своето семејство во Терниц“, пишува Кронен Цајтунг.
Тој беше уапсен „под силно сомнение за тероризам“, пишува весникот. За другото апсење засега нема детали од австриските власти.
На X, виенскиот туристички одбор објави дека трите концерти на Свифт на стадионот Ернст-Хапел во Виена во четврток, петок и сабота (8, 9 и 10 август) се распродадени.
Терниц се наоѓа на околу 43 милји јужно од Виена.
Франц Руф, директорот за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека властите биле свесни за „подготвителните дејствија за можен напад со фокус на концертите на Тејлор Свифт во Виена“, објави Австриската прес агенција.Уапсениот е австриски државјанин. Тој се заложи за верност на терористичката организација „Исламска држава“, изјави на прес-конференција генералниот директор на Агенцијата за јавна безбедност, Франц Руф.
– Уапсениот е австриски државјанин. Тој се заветил за верност на терористичката организација „Исламска држава“ – изјави Руф на прес-конференција.