Редовното правење чучњеви или сквотови може да помогне во зајакнувањето на мускулите на нозете, што ја подобрува стабилноста и рамнотежата. Исто така, помага да се развие мускулна маса и да се подобри мускулниот тонус, што е клучно за целокупната сила на телото.
Кога се изведуваат правилно, чучњевите можат да помогнат во зајакнувањето на коските, бидејќи ги користат коските на долните екстремитети, зголемувајќи ја нивната густина. Ова е особено важно за жените, кои се поподложни на губење на коскената маса за време на стареењето.
Не ги стегнувате мускулите доволно
Со концентрирање на долниот дел од телото, имено на глутеусите, квадрицепсите и генерално задниот дел, можете да ја подобрите вашата форма со текот на времето. „Запалете“ го долниот дел од телото со затегнување на мускулите дури и пред да клекнете. Овој трик го зголемува ефектот на долниот дел од вежбата, така што ќе го почувствувате согорувањето многу побрзо, а секое чучнување ќе биде поефикасно.
Правите чучњеви после кардио
Ако вашата цел е да изградите поголем и посилен задник, оваа грешка може да ве саботира. Зошто? Ако нозете веќе ви се уморни од трчање, возење велосипед и слични кардио вежби, нема да имате доволно енергија за вежбање сила и затоа нема да забележите голем напредок.
Не се спуштате доволно ниско
Ако сакате да го извлечете максимумот од секое движење, тогаш бутовите треба да бидат паралелни со подот, па дури и пониски отколку кога ќе почнете да кревате. На овој начин побрзо ќе ги тонирате нозете.
Не правите одмор
На мускулите им треба време да заздрават и да се вратат во нормала. Чувствувате болка бидејќи ги кинете мускулните влакна со вежбите, поради што им треба целосно опоравување за да можат да продолжат со вежбање.